За Нас

Меѓународни Фолкорни Фестивали Охрид Македонија е формиран на 02 Септември 2013 год. од ентузијасти и вљубеници во македонското творештво, се со цел постојано негување и збогатување на Македонските традиционални изворни обичаи на Македонскиот фолклор и народниот мелос од Република Македонија, како и националните малцинства што живеат во Р.Македонија.

.
ИФФОМ организира концерти и настапи на јавни манифестации во Градот, Републиката и надвор од неа и притоа остварува тесна соработка, преку најразлични форми на соодветни организации и институции со Министерството за култура; Дирекцијата за култура и уметност на Град Охрид, и Ансамблите и Културно Уметничките Друштва за народни песни и ора ширум Републиката и надвор од неа.

.
. На својот репертоар поставува и негува фолклор и од други држави ширум светот.span>

.
Обезбедува постојана соработка со средствата за јавно информирање

.
ИФФОМ издава информативно – пропаганден материјал во вид на: книги, проспекти, плакати, разгледници, аудио и видео касети, компакт дискови и филмови, како и други материјали за фолклорните традиции, обичаи, народни игри, песни и традиционални носии.

.
Освен што организира семинари, ИФФОМ формира секции и групи за изучување, негување, развивање, унапредување, зачувување и презентирање на фолклорните, играорните, песнопејните и други уметнички способности.