Охрид

ОХРИДСКО ЕЗЕРО

Охрид, Македонија

*Старо околу 4 милиони години
*Површина од 358 км² / Длабочина 288,70 м
*Сличен ендемичен растителен и животински свет со Бајкалското езеро
*Најпознати ендемични видови се Белвицата и Летницата
*Најголем број извори во езерото се подземни притоци од Преспанското езеро
*Со својата единствена флора и фауна претставува еден од најголемите биолошки резервати во Европа

ЗАЛИВ НА КОСКИТЕ


*Музејот на вода е реконструкција на праисториска наколна населба.
*Се претпоставува дека на неа имало можеби 60на живеалишта.
*На местото откриени се остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, камен и делови од животни.

НАЦИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЧНА ИЗРАБОТКА НА ХАРТИЈА

Охрид

*Работилницата е една од седумте светски работилници каде хартијата се произведува на оригинален Кинески начин од II век п.н.е
*Основна дејност на работилницата е рачна изработка на хартија и производи од истата. Истовремено има и туристички карактер, на посетителите им ја презентира постапката на изработка на хартија со начинот на првото печатење на Гутенберговата преса од XIV век

ОХРИДСКИ ЧИНАР

Охрид

*Се смета за најстарото дрво во земјата
*Според народните преданија и легенди, Чинарот расте уште од времето на Св. Климент Охридски, за кого уште се вели дека лично го засадил
*Легендите и преданијата велат дека Охридскиот чинар е стар 11 века, иако стручните лица велат дека најверојатната старост е околу 6 века.

ЦРКВА СВ. СОФИЈА

Охрид

*Црквата е најголем и најважен сочуван културно – историски споменик на Охрид, а е и еден од најзначајните во Р. Македонија.
*Црквата е посветена на Христос како божествена премудрост.
*Нема икони.
*Градена е од тули, бигор и камен.

ЦРКВА СВ. ЈОВАН КАНЕО

Охрид

*Свети Јован Богослов Канео е една од најпознатите цркви во Охрид
*Се наоѓа на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот
*Градена и сликана е во XIII век
*Сликарите на фреските се непознати

АНТИЧКИ ТЕАТАР

Охрид

*Изграден пред 2 милениума во периодот на доцнешниот хелинизам
*На седиштата се вклесани имиња на посетителите на претставите. Се претпоставува дека тоа се имиња од луѓе кои имале закупени седишта во театарот.
*Во почетокот на IV век Св. Еразмо Охридски го разурнал, затоа што сметал дека е пагански објект

САМОИЛОВА ТВРДИНА

Охрид

*Изградена е во III п.н.е.
*Е еден од најголемите средновековни градови во Р. Македонија.
*Во стариот дел на градот се влегувало низ три порти. Зачувана е само Горна Порта.
*За време на владеењето на Цар Самоил и неговите наследници, Охрид бил престолнина на Македонските Словени.

МАНАСТИР СВЕТИ НАУМ

Охрид

*Изграден е во 900 г. од Св. Наум Охридски, кој во 910 г. таму бил погребан.
*Врз темелите на првобитната црква била изградена денешната, доградувана и проширувана во неколку фази.
*На столбовите во доградениот дел на Наумовата црква се наоѓаат глаголско–кирилски натписи, кои се значајни документи за најстарите словенски писма – глаголицата и кирилицата.

ПЛАОШНИК

Охрид

*Во внатрешноста се пронајдени ранохристијански базилики, како и остатоци од црквата Свети Пантелејмон која во 893 г. ја изградил Св. Климент Охридски.
*Меѓу археолошките остатоци се наоѓа и гробницата на Климент Охридски. Според житието за него – тој со своја рака ја направил оваа гробница во која подоцна бил погребан.