Струга/Вевчани

РЕКА ЦРН ДРИМ

Струга
*Извира во Св. Наум, минува низ Охридското езеро и излегува од него кај градот Струга.
*Реката ја напушта Македонија во близина на градот Дебар.
*Во северниот дел на Албанија Црн Дрим заезерува со реката Бел Дрим, а по утоката на Бел Дрим во Црн Дрим тече се до вливот на Јадранското Море под едно име – Дрим.

МАНАСТИР СВ. БОГОРОДИЦА (КАЛИШТА)

Струга
*Манастирот се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро во природен карпест амбиент.
*Во манастирскиот комплекс има 4 цркви – 2 се посветени на Рождеството Богородично, од кои едната е пештерска и постара, а другата е понова и претставува главна манастирска црква, и две други, од кои едната е посветена на Св. Петар и Павле, а другата е исто така пештерна, посветена на Св. Атанасиј.
*Во црквата “Рожденство Богородично” се наоѓаат три монашки ќелии, две на првиот спрат и една на вториот спрат.

ВЕВЧАНИ

Струга
*Вевчани е сместено во подножјето на источните падини на планината Јабланица.
*Селото издава свој пасош и пари, кои се туристичка атракција позната за Вевчани.
*Вевчанците се познати како вешти градители, што може да се забележи во селската архитектура.

ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ

Вевчани
*Вевчанските извори се споменик на природата и еколошка зона со висок степен на заштита.
*Изворите покрај хидролошка имаат и своевидна духовна вредност.
*Тука се одржуваат повеќе верски и други обреди, а за времетраењето на традиционалната вевчанска свадба, познат е ритуалот на полнење вода и поклонување на невестата.

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ

Вевчани
*Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите селски карневали на Балканот
*Се верува дека традицијата е стара повеќе од 1400 години
*Карневалот е базиран на Пагански обичаи и ритуали
*Веселбата е посветена на Свети Василиј Велики
*Учесниците на карневалот се познати како “Василичари”
*Карневалот е признат од Европската Федерација на Карневалски Градови (ЕФКГ)