Битола

Саат Кула
туристичка атракција, битола, македонија

Саат Кула
⦁ Со висина од 32 метри, Саат кулата е најпрепознатлвото обележје на Битола.
 Се спомнува уште во 1664 год, но некои истражувачи сметаат дека е изградена во 1830 год.
 Постои легенда дека турската власт собрала 60 000 јајца од локалното население, кои биле употребени во малтерот на Саат Кулата, бидејќи сметале дека ќе биде посилна и поотпорна.
 Првиот механизам беше направен од страна на германската компанија “Konfage” и е поставен на Саат-кулата во 1927 год.

Широк Сокак – пешачкиот булевар
“Да видиш и да бидеш виден” – e фраза која знаат да ја кажат Битолчани кога мислат на Широк сокак

⦁ Овој пешачки булевар ќе ве плени со светлите излози на продавниците, разновидните кафулиња кои ќе ви ги понудат сите видови на кафе и ресторани кои ќе ви ја презентираат Македонската гастрономија.

Хераклеа Линкестис

Битола
⦁ Хераклеа Линкестис (Битола) е антички град, основан од страна на Филип Втори Македонски во 4 век.
 Во себе чува неколку важни објекти и локалитети: Римскиот театар, Римската бања, малите и големите Базилики од Византискиот период, Еврејскиот Храм, црковните мозаици кои се пример за ранохристијанската уметност.

Национален Парк “Пелистер”

Битола
⦁ Со 17.150 хектари претставува природно засолниште на северната страна на планината Баба.
 29% од Македонската флора и фауна се наоѓа во Пелистер.
 Најпознатиот вид на дрво Молика, кое може да се види овде, може да порасне до 40 метри и да живее повеќе од 200 год.

Фестивал на Филмската камера “Браќа Манаки”

Битола
⦁ Фестивалот на Филмската камера “Браќа Манаки” кој се одржува во Септеври и е првиот и најстар светски фестивал посветен на креативното творештво на кинематографите.
 Основан во чест на браќата Манаки, Милтон (1880 – 1964) и Јанаки (1878 – 1954), кој со филмската камера “Биоскоп” со сериски број 300 од компанијата “Чарлс Урбан” во Битола ги снимиле првите документарни филмови на Балканот.